Гершкович официјално обвинет за шпионажа во Русија

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Американскиот новинар Еван Гершкович, кој беше уапсен во Русија минатата недела, денеска и официјално обвинет за „шпионажа“, обвинение што тој го негира, пренесоа руските новински агенции.

Како што пренесе Бета, Гершкович, дописник на „Волстрит џурнал“, кој претходно работел за АФП, е кривично гонет според член 276 од рускиот кривичен законик.

На Гершкович му се заканува казна затвор од 20 години.

Агенцијата Тасс објави дека новинарот „категорично“ ги отфрлил обвинувањата.

На американскиот новинар му е одреден притвор до 29 мај. Тој притвор може да биде продолжен до евентуално судење

Слични содржини