Одобрено е барањето на Косово за прием во Советот на Европа, соопшти министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала Шварц.
„Пред неколку минути Комитетот на министри на Советот на Европа одлучи да ја одобри апликацијата на Косово за Парламентарното собрание на Советот на Европа“, објави таа на Твитер.
Како што напиша таа, „голема коалиција на демократски земји, големи и мали, денес докажа дека Советот на Европа продолжува да игра клучна улога во обезбедувањето слобода и мир“.
Да потсетиме дека Косово аплицираше за членство во Советот на Европа на 12 мај минатата година.
Апликацијата на Косово за членство во СЕ прво ја разгледува Комитетот на министри, а по проценката на ситуацијата во Косово, последниот збор го дава Парламентарното собрание кое го сочинуваат национални претставници на земјите-членки.
За прием на земја во Советот на Европа е потребно двотретинско мнозинство гласови.