Бројот на жените кои се соочуват со насилство се зголемува и мора да реагираме и да пријавуваме такви случаи, за да може жените да бидат заштитени, вели Жаклина Гештаковска Алексовска која е одговорна за родова еднаквост во УНДП гостувајќи во Студио 10.
-Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, премиерно беше претставена и апликацијата „Биди безбедна“, наменета за заштита на жртвите на родово базирано насилство како и и услугите што ги нуди апликацијата и начинот како да дојдат до помош и поддршка. Апликацијата е достапна на македонски, албански и ромски јазик.Веруваме дека е чекор напред кон поддршката што се нуди. Задоволни сме од кампањата, но не и од назадувањето на правото на жените за време на пандемијата. Таа ги засили нееднаквостите во сите општества. Бројот на жените кои се соочуват со насилство се зголемува и мора да реагираме и да пријавуваме такви случаи, за да може жените да бидат заштитени.“ – вели Гештаковска Алексовска.
Гештаковска Алексовска вели дека насилството треба да биде актуелна преку целата година, не само во деновите на кампањата. Огромен број на жени се соочувале со вознемирување и дискриминација на работното место и смета дека жените и мажите треба да се образуваат. Една од 10 жени била жртва на насилство, а 2 од 5 жени биле жртви на псиолошко насилство.