Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница изгласа двојно не за отпадно гориво и рудниците на Кожуф.
„Советниците од СДСМ и коалицијата уште еднаш застанаа во одбрана на здравјето и животот на граѓаните на Општина Гевгелија! Не смееме и нема да дозволиме никогаш градот да ни стане депонија за отпад на странски држави како што и не дозволивме кражба на националните и природни богатства од Кожуф“, сооштија од Советот на општина Гевгелија.
Инвеститорите, барателите на дозвола за спроведување на проектот за преработка на отпадни материи кои се високо запаливи во форма на пелети за употреба во домаќинствата имаше свои презентација пред Советниците за да го образложат своето повторно барања од Општината иако Гевгелија веќе одговори со „негативно мислење“.
На презентацијата присуствуваа и граѓански активисти-екологисти кои еден час пред почетокот на седницата дојдоа да протестираат пред зградата на Општината со цел да укажат дека не сакат еколошки загадувачи во својата општина, сакаат еколошки чиста Гевгелија.
По изведената презентација немаше никакви прашања од страна на советниците. Тие ги замолија презентерите да ја напуштата салата каде се одржува седницата за да може советниците самостојно да одлучуваат.
Одлуките се донесоа едногласно со идентично негативно мислење искажано од сите членови на Советот на општина Гевгелија: НЕ за фабрика за преработка на отпадно гориво во пелети, НЕ за рудници на Кожуф.