Гевгелискиот Совет не дозволува детални геолошки истражувања на Кожуф

од desk4
93 прегледи

Oпштина Гевгелија во законски рок негативно ќе му одговори на Министерството за економија на барањето за доделување концесија за вршење детални геолошки истражувања на металични минерални суровини во регион на планината Кожуф кој зафаќа делови од териториите на општините Гевгелија и Кавадарци, одлучија на денешната седница советниците на општина Гевгелија.

Во барањето што пристигна на 15 декември, Министерството од општина Гевгелија побара мислење за трансформација на веќе порано доделената коцесија за проспекциски истражувања во концесија за детални геолошки истражувања, на што советниците, како и граѓаните претходно на референдум рекоа не за рудници, да за живот.

 За оваа одлука гласаа и советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои по оваа точка од дневниот ред ја напуштија седницата на општинскиот Совет во знак на протест за притворените од настаните на 27 април.

Пред почетокот на седницата на општинскиот Совет, во знак на подршка, беше организиран мирен собир пред зградата на локалната самоуправа од страна на граѓани и активисти на здружението „Спас за нас“ од Гевгелија чиишто претставници беа поканети и на седницата.

На оваа седница претходеше и средба на градоначалниците на Гевгелија и Кавадарци кои се договорија двете општини негативно да одговорат на барањето од Министерството за економија.