Пејачот Абел Тесфаје, со уметничко име The Weeknd, ги прозва Греми бидејќи не го номинирале во ниедна категорија, и покрај неговиот нов албум After Hours, кој ја содржи и песната Blinding Lights, со која се искачи на врвот на музичките топ листи ширум светот.
Откако бројните обожаватели на Твитер го изразија своето незадоволство од номинациите, сега се огласи и The Weeknd, кој доделувањето на Греми го нарече корумпирано.
„Греми се уште се корумпирани. Ми должите транспарентност на мене, на моите обожаватели и на целата музичка индустрија”, напиша тој.
Неговиот статус за само 17 часа беше лајкнат повеќе од милион пати, а многумина во коментарите се согласија со неговата изјава.
Популарниот пејач Елтон Џон на својот профил ја сподели насловна страница на албумот на The Weeknd и рече дека смета дека неговата песна требало да ја добие наградата за најдобра песна на годината.
„Според мое скромно мислење, Blinding Lights треба да биде прогласена за песна на годината, а After Hours за најдобар албум“, напиша тој.