Ги престигна Мбапе и Винисиус, но не е задоволен: „Горчливиот вкус останува…“

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Анте Будимир продолжува со одличните игри во дресот на Осасуна. Хрватскиот интернационалец погоди на гостувањето кај Севиља од 1:1, а тоа беше негов деветти гол сезонава во шпанското првенство.

Анте Будимир со тоа ги надмина ѕвездите на Реал Мадрид, Килијан Мбапе и Винисиус на листата на најдобри стрелци во Примера оваа сезона, кои останаа на „само“ осум постигнати голови.

Со деветтиот сезонски гол Будимир се израмни со Рафиња од Барселона на второто место во листата на стрелци, а води Роберт Левандовски со 15 голови.

„Ова е бод што треба да го цениме бидејќи го добивме на гостински терен против многу силен тим“, изјави Анте Будимир по мечот, но не беше премногу задоволен: „Остава горчлив вкус, исто како и против Виљареал бидејќи израмнија веднаш штом постигнавме гол. Кој знае што ќе се случеше ако успеевме да се одржиме уште пет минути во водство… Не прикажавме игра до последните 20 минути, но важно е да си одиме дома со бод“, заклучи напаѓачот на хрватската репрезентација и Осасуна.

Осасуна сега е седма на табелата во шпанската лига со 23 освоени бода во 15 натпревари.

Слични содржини