Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека минатонеделниот договор меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, е одлична порака за целиот регион.
– Ова покажува дека е можно да се најде решение на преговарачката маса со волја за договор и да се оди напред дури и во тешки ситуации – рече Лејен.
На крајот на Самитот на ЕУ на Западен Балкан, претседателката на ЕК посочи дека во завршната Декларација, проширувањето е во првиот став и таа го гледа како јасен показател за посветеноста на ЕУ.
– Европската комисија, предводена од мене, ќе направи се што може за да напредува во проширувањето и интеграцијата на регионот во ЕУ. Ние го сакаме Западен Балкан во ЕУ и не смее да има сомнеж во нашата цел, а тоа е проширувањето – рече Лајен.