Во Калесија, во кантонот Тузла во Босна и Херцеговина, маж синоќа ги убил сопругата и синот, а во моментов е во бегство и полицијата трага по него, јавува „Klix.ba“.
Како што потврди за порталот Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла, пронајдени се безживотните тела на една жена и нејзиниот 13-годишен син.
„Повеќе детали ќе се знаат подоцна“, изјавил Арнаутовиќ и додал дека засега не е познат начинот на убиството.
Дел од тамошните медиуми веќе ги објавија идентитетите на жртвите. Сега веќе починатата жена, Инела Селимовиќ работела во супермаркет како дел од станбено-деловен објект каде живеела со синот и сопругот со кого била во постапка за развод.
Таа на последните локални избори била кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за советничко место во Советот на општина Калесија.