Гиевски за РСЕ: Постојат огромни шанси учебната година да започне со штрајк

од Vladimir Zorba

Постојат огромни шанси учебната година да започне со штрајк, ние како Независен синдикат за образование и наука активно работиме на окрупнување на силата со цел да можеме да го реализираме тој процес. Се разбира, доколку и побројниот синдикат го искористи тоа право, ние сме тука да се солидаризираме и да ги окрупниме силите за да ја оствариме таа цел.

Ова во интервју за РСЕ го вели Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат на образование и наука.

Револтот, според него, потекнува од најавените промени во секторот образование коишто не се совпаѓаат со законите.

-Револтот исто така е поради ниската потпросечна плата, а најголем е револтот на просветните работници поради непочитувањето на колективните договори, истакна Гиевски.

Слични содржини