Гигантите повторно се разминаа за 1/4-финалето на ФА Купот

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Вчера вечер беше извлечен ждребот за 1/4-финалето на ФА Купот. Овој пат, тој беше благонаклонет за големите фаворити во турнирот, кои нема да играат едни против други и ќе имаат навидум полесни ривали.

Челзи изгледа има најтешка задача, откако ќе гостува кај Лестер. Манчестер Јунајтед пак ќе се сретне со Брајтон на „Олд Трафорд“.

Манчестер Сити ќе игра со Саутемптон, секако, ако „граѓаните“ се справат пред тоа со Виган во 1/8-финалето. Тотенхем ќе оди против Шефилд Вензди или Свонси, ако денес го победи Рочдејл во 1/8-финалето.

Дуелите од 1/4-финалната фаза ќе се играат помеѓу 16-ти и 19-ти март.

Ждреб за 1/4-финалето во ФА Купот:

Лестер – Челзи
Виган / Манчестер Сити – Саутемптон
Манчестер Јунајтед – Брајтон
Шефилд Вензди / Свонси – Рочдејл / Тотенхем.

Слични содржини