Претседателот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас изјави дека најголем интерес на Србија е да не остане изолирана и да се приклучи кон политиката на Европската унија за прашањето за воведување санкции кон Русија.
Ѓилас на ТВ Прва истакна дека не го сменил ставот дека санкциите оставаат катастрофални последици за обичните луѓе, а не ги засегаат лидерите и дека верува дека тоа нема да доведе до крај на војната, но дека цела Европа го зазеде истиот став, како и некои земји кои се секогаш неутрални и не е добро што Србија останала единствена изолирана.
„Мораме да размислиме што е добро за Србија. Не треба да водиме политика во интерес на Европа, ниту на САД, ниту на Русија, ниту на Кина, туку да видиме што е во интерес на Србија. Нашиот интерес е Србија да не остане изолирана земја“, истакна Ѓилас.
Тој изјави дека Европската унија ѝ згрешила доста на Србија во последните 30 години, но дека 300.000 луѓе работат во компании од ЕУ, дека Србија има најголема економска размена со ЕУ и дека нема да може да излезе на пазарот на капитал без носење мерки.