Швајцарска гимназија предизвика спорови во земјата со својата одлука да им дозволи на две момчиња муслимани да не се поздравуваат со учителката, објави ББС.
Училиштето е во северниот град Тервел и момчињата му рекле на раководството дека да допираат жени надвор оние од роднински круг е во спротивност на нивната религијата .
Локалниот синдикат на учителите изјави дека тоа е дискриминација на полов принцип, а министерот за правда Симонета Сомаруга коментира дека ракувањето со професори е нешто сосема нормално во училиштата и секојдневниот живот во земјата, а изолацијата на учениците не е најдобар начин за нивното интегрирање .
Како Ирска стана богата земја
Случајот во 10-илјадниот град во кантонот Базел се покажа дека не е единствен во регионот. Информациите доведоа повторно да се разгори спор за идентитетот на оние кои живеат во Швајцарија. Момињата на 14 и 15 години се во земјата веќе неколку години, а одлуката на раководството на училиштето да им овозможи да не се поздравуваат и со жени и со мажи професори масовно не се одобрува, вклучувајќи од организации на муслимани.
Пратеникот Феликс Муери од ксенофобична Швајцарска народна партија прашува, ако денес се забрани манифестација на почит како ракување, “што ќе се случи утре”. Швајцарската федерација на муслиманските организации објасни дека никаде во Куранот нема текст, каде се забранува да се допира раката на наставничка, а Сајда Келер-Мезахли од Форумот за прогресивен ислам ги повика Швајцарците да не подлегнуваат на екстремистички барања.
Директорот на гимназијата Јерг Лауенер изјави дека нема да ја укинат својата одлука, додека локалните власти не донесат експлицитно решение за неговото отфрлање.
Целата ситуација се искористи од малата организација Исламски централен совет за да прокоментира: “По сексуалните напади во Келн побараа муслиманите да го почитуваат растојанието од жените, а сега сакаат да сме поблиску до нив.”

