Евроамбасадорот Дејвид Гир ѝ честиташе на професорката Гордана Силјановска-Давкова за убедливата победа на вчерашните претседателски избори.
-Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата, објави Гир на социјалната мрежа Х.
Congratulations to Gordana Siljanovska-Davkova upon her election as president of North Macedonia. Looking forward to working closely with her for the European future of the country.
— EU Ambassador David Geer (@AmbassadorEU) May 9, 2024
Претходно честитки упатија и унгарскиот премиер Виктор Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ.
По пребројани 99,82 отсто од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 560 170 гласа (65,14 отсто), а Стево Пендаровски 251 541 (29,25 отсто).
По официјализирањето на изборните резултати, најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. На 12 мај истекува мандатот на актуелниот претседател кој беше и кандидат за претседател, Стево Пендаровски.