Гледаме дека пандемијата полека стивнува но тоа не значи дека треба да бидеме без грижа, кажа амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир.
-Ако не сте вакцинирани, вакцинирајте се, а ако сте вакцинирани чувајте го вашиот имунитет преку дополнителни дози. По овој настан, самиот одам во поликлиниката Букурешт за да примам четврта доза од вакцината, рече амбасадорот Гир.
Амбасадорот денес заедно со министерот за здравство Беким Сали ги промовираше возилата и фрижидерите за овозможување ладен синџир за дистрибуција на вакцини обезбедни со грант од ЕУ, а по настанот најави дека самиот ќе оди по четврта доза вакцина за заштита од Ковид – 19.