Гир бара владата и опозицијата да работат заедно за спроведување на европската агенда

од Nikola Popovski
106 прегледи

Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир бара Владата и опозицијата заедно да работат за спроведување на европската агенда на Македонија. Според него, тоа е од најкруцијално значење.

Запрашан да го коментара случајот со контроверзниот Укераинец Олександр Онишченко, евроамбасадорот Гир истакна дека секоја институција ако види дека некој извршил кривично дело, тоа лице треба да го изведе пред лицето правда и треба да биде независна и професионална во тој процес, а тоа во овој момент на пристапување е дефинитивно во фокусот на ЕУ.

Многу е важно односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија да продолжат да се подобруваат, а тоа се докажа и со отворањето на новиот бугарски културен центар во Скопје во петокот. Исто така, многу е важно сите лидери и сите политичари да имаат меѓусебна почит и одговорност да работат кон развој на односите помеѓу двете држави, што е од сечиј интерес, одговорил Гир на прашањето како ги коментира ирендистичките ставови на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов дека Македонците и Бугарите се ист народ што живеат во две држави.

Слични содржини