Гир: Целта за влез во ЕУ во 2030 ќе зависи од вашите залагања

од Nikola Popovski
156 прегледи

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска порача дека успехот или неуспехот на, како што вели, амбициозната изјава на Владата дека С. Македонија ќе се приклучи на Европската унија во 2030 година, ќе зависи од вашите залагања.

Според него, добрите вести се дека скринингот се одвива добро, но и дека пристапниот процес е национален проект.

-Ова не значи дека опозицијата треба да престане да работи, нејзината улога за преиспитување на прашањата на политиките е од витално значење, но мора да постои сигурност дека земјата ќе продолжи на својот пат кон пристапување кон ЕУ со ист чекор на спроведување на реформите без оглед на тоа која Влада е на власт, рече Гир на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК).

Слични содржини