Гир: Доколку не се спроведат уставните измени, може да дојде до одреден застој

од Nikola Popovski
199 прегледи

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека двотретинското мнозинство за уставните измени е внатрешно прашање и очекува власта сама да го разреши.

-Не можам да се мешам во тие работи затоа што тоа не е во описот на мојата работа. Уставните измени произлегуваат од договорот на кој што се обврза државата во своите билатерални односи со Бугарија. Таа промена е суверена одлука која што треба да ја донесе оваа земја. С. Македонија веќе има добар историјат на меѓутнички односи и сметам дека ќе донесе одлука што ќе ги зајакне уште повеќе, без притоа да се наруши идентитетот на оваа земја затоа што тој не се губи на патот кон ЕУ, рече Гир.

Тој додаде дека доколку не се спроведат уставните измени, верува ќе дојде до одреден застој, но за понатаму што ќе се случи, не би можел да каже.

Слични содржини