191
Европската комисија потврди дека Република Северна Македонија ги исполнува критериумите да ги почне преговорите за членство и смета дека одложувањето има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ, истакна еврокомесарот Дејвид Гир, презентирајќи го извештајот на ЕК за напредокот на земјата во процесот на евроинтеграција.
-Земјата покажа цврста решеност да напредува кон ЕУ, одржува чекор во реформите и има резултати. Треба да продолжат напорите поврзани со борбата против корупцијата, владеење на правото и реформа на админситрацијата, порача евроамбасадорот.