Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир гаи надеж дека ќе започнат преговорите на ЕУ со Албанија и Северна Македонија, за време на француското претседателство.
-Успехот е во интерес и на оваа земја, на Албанија, а секако и на поширокиот регион и на самата ЕУ, изјавил Гир на конференцијата „Бугарски гласови за Европа“ во Националниот прес-клуб на БТА во Скопје.
За Гир, „Западен Балкан е Европа“.
-Регионот природно и припаѓа на Европа и уверени сме дека во наш заеднички интерес е да го продолжиме процесот на проширување без натамошни одложувања. Тоа не е само геостратешки приоритет за партнерите во регионот, туку и наш приоритет не само поради војната, туку и поради притисокот кој го гледате во контекст на таа војна и поради долгите историски социјални и економски врски кои не поврзуваат, појаснил евроамбасадорот.