Сега треба да се усвои преговарачката рамка и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција меѓу земјава и Европската Унија. Се разбира во наш и во ваш интерес е овој датум да биде закажан што порано, рече евроамбасадорот во Северна Македонија Дејвид Гир на денешната пре-конференција.
Тој нагласи дека перспективата за евроинтеграцискиот процес на земјава не се доведува во прашање.
Според него, сето тоа одзема време, но најважно е, како што рече, дека перспективата за евроинтеграцискиот процес на земјава не се доведува во прашање.
-Она што е најважно е вашата земја да продолжи на реформскиот пат и да го направи тоа што е можно побрзо затоа што тоа не е во интерес само на ЕУ, туку е во интерес на граѓаните на Северна Македонија. И се разбира дека е исклучително важно и да се продолжи дијалогот со Бугарија, што ќе биде во духот на Договорот за добрососедство. Во овој момент не е прашање дали РСМ ќе ги отпочне преговорите со ЕУ, туку прашањето сега е само кога, подвлече Гир.