Во своето гостување на Тв21, евроамбасадорот Дејвид Гир даде свое мислење и видување врзано за бегството и појавувањето на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.
Имено, тој општо се осврна на ова случување, преку коментар за владеењето на правото во земјава.
„Секако дека ние одблиску ги следиме настаните, и не коментираме истраги за индивидуални случаи. Тоа значи дека ја гледаме одговорноста за сите погрешни постапки вклучувајќи и ваквите случаи, а тоа се и случаите покренати од Специјалното јавно обвинителство. Начинот на кој се справуваат, резултатот, ќе биде важен во надградбата на довербата“, истакна Гир.
Евроамбасадорот Гир додаде според последниот извештај на ЕУ за реформите во Северна Македонија издаден минатата година, стои дека има постојан напредок, но и покрај тоа се истакнуваат и областите во кои се потребни уште повеќе реформи.