Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во интервјуто за „Телма“ вели дека е оптимист за започнување на преговорите на С.Македонија со ЕУ.
-Јас сум оптимист, во март минатата година 27-те членки на Унијата ја донесоа историската одлука да се отворат пристапните преговори со С. Македонија и Албанија, сега следниот чекор е да се согласиме со тоа што го нарекувам преговарачка рамка што треба да довде до одржување на меѓувладина конференција и вистинско започнување на преговорите. Португалското претседателство наговести дека напредокот на овој процес ќе биде нивен приоритет. Разбирам дека има многу фрустрации и нетрпение кај луѓето, тие сакаат напредок сакаат преговорите да започнат, но многу е важно во овие околности да се направат две работи. Како прво владата на С.Македонија и Бугарија да продолжат со преговорите за овие билатерали прашања за да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете и како второ процесот на европско поврзаните реформи треба да продолжи. Колку побргу се спроведуваат толку поблиску С.Македонија е до ЕУ.