Гир му подари на Коњановски сончева тегла: Битола не може да го види сонцето од загадениот воздух

од Берта Китинска
269 прегледи

Амбасадорот Дејвид Гир при денешната посета на Битола му подари сончева тегла на градоначалникот Тони Коњановски, како симбол за производство на струја од сонцето, но и симбол на Зелениот договор на ЕУ.

-Овој град не може да го види сонцето затоа што кога се доаѓа кон Битола од ридот се гледа жолт и црн воздух кој покажува голема загаденост, кажа Гир.

Гир во своето обраќање кажа дека во Битола сака да се отвори Куќа на Европа како креативен простор и можност за младите битолчани да разговараат за вредностите на Европската унија. Амбасадорот посочи дека во објектот Куќа на Европа ќе може да се разговара за европските перспективи, простор каде, како што рече, младите ќе расцветаат.

-Една од темите коишто денес ги разговаравме, беше поврзана со младите кои се богатство на секоја земја и на секој град. Имајќи го предвид тоа, Пелагонискиот регион и градот Битола, се соочува со предизвикот, со проблемот на младите луѓе кои си заминуваат од земјата и во таа насока ја разгледавме можноста за отворање на Куќа на Европа (Europe house), како можност, како простор за младите во кој ќе може да креираат, да разговараат за вредностите, простор каде младите ќе можат да расцветаат. Разговаравме за богатата култура која што овој град ја има, разговаравме за програмата за соработка со пограничната општина Корча и се разбира дека сите овие проекти, придонесуваат кон збогатување на културното богатство на овој регион, но и за зајакнување на соработката помеѓу пограничните општини. Исто така, разговаравме и за животната средина, огромно прашање за овој град, за бројни прашања и аспекти поврзани со неа, разговаравме за проектот за инвестиција во отпадните води т.е нивното менаџирање, разговаравме и за проектот ЕУ за чист воздух, за многубројните прашања и напорите кои ЕУ ги прави за обезбедување на почист воздух во вашата општина. Разговаравме и за проектот „Правилна транзиција“, односно разговаравме за РЕК Битола, како да се направи транзиција кон зелено производство на електрична енергија и како може ЕУ да придонесе во овој контекст, изјави Гир.

Слични содржини