Гир: Нема план Б за С.Македонија, целта е пристапување во ЕУ

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Нема да зборувам за план Б, нема план Б. Целта е пристапување во Европската Унија. Лидерите на Европската Унија доследно ја повторуваат европската перспектива на Западен Балкан и лично сум многу оптимистичен дека ќе одиме напред. И преку процесот на реформи Северна Македонија ќе стане дел од семејството на Европската Унија, вели во интервју за МИА амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир.

Тој испрати порака дека европската перспектива, перспективата на пристапување на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, е јасна и неспорна.

– Минатата година го имавме Самитот во Загреб, каде што оваа стратегиска цел беше повторена од страна на лидерите, ништо не е променето. Северна Македонија со нејзината географска положба, со нејзината култура, историја, е европска земја. Има длабоки економски и трговски врски со Европската Унија. Досега е нејзин најголем партнер и останува нејзината евроатлантска стратегиска ориентација. Така што ќе се навратам на одлуката донесена минатиот март од страна на 27-те земји членки да донесат одлука за отворање пристапни преговори. Тоа е насоката напред и ќе продолжиме да одиме во тој правец, вели Гир.

Слични содржини