Гир: По формирањето на новата влада да се засукаат ракавите и да се спроведат реформите

од Nikola Popovski
422 прегледи

Не е моја работа да дискутирам политички случувања и политички изјави во земјата. Она што можам да го кажам е дека имаше голема меѓународна набљудувачка мисија на изборите и нивната прелиминарна оценка е дека изборите беа демократски и се случија во мирна атмосфера, изјави денеска евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир запрашан како ја коментира вчерашната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека со невлегувањето на неговата партија во власта се прекршуваат принципите на Охридскиот договор и се случува „мајоризација“ на Албанците во земјава.

Гир е заинтересиран да види што е можно поскоро формирање на демократска, силна и стабилна влада.

-Она што сакаме да го видиме по формирањето на владата е да ги засука ракавите и да ги спроведе реформите што се бараат и нивната посветеност кон европскиот пат на вашата земја, кажа Гир при посетата на Струга.

Слични содржини