Гир: Преговорите ќе почнат тогаш кога ќе има договор со Бугарија

од Берта Китинска
389 прегледи

Преговорите со Европската Унија ќе започнат тогаш кога ќе има договор со Бугарија, рече евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир  на онлајн конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции”.

„Точно е дека преговорите ќе почнат тогаш кога ќе има договор, меѓутоа, нема причина во меѓувреме да се чека да не се спроведуваат реформите, бидејќи тоа само ќе го забрза патот понатаму и тоа е во интерес на сите граѓани. Колку повеќе напредуваме во реформите, толку поблиску ќе биде државата кон Европската Унија“, изјави Гир.

Слични содржини