Гир: Процесот на скрининг се одвива позитивно

од Берта Китинска
121 прегледи

Процесот на скрининг започна на 15 септември. Има голема делегација од Република Македонија, која е во Брисел. Се разбира дека тој процес почна од страна на Европската комисија со објаснувања во врска со стандардите и барањата коишто вашата земја треба да ги исполни се со цел да стане земја членка на ЕУ, така што се оди позитивно. Навистина има голем ангажман и голема вклученост од делегацијата на Република Македонија, изјави денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Евроамбасадорот оцени дела постои огромно партнерство во текот на скринингот, но нагласи тоа е долг процес кој изискува голема работа и голем ангажман од страна на сите министерства од вашата земја, така што наскоро ќе дојде и времето кога и Министерството за животна средина и просторно планирање, исто така ќе треба да се вклучи во него.

Тој појасни дека скринингот почнува со т.н. „Темели“ или „Основните вредности“ на ЕУ, коишто ги покриваат владеењето на правото, доброто владеење, реформите во јавната администрација и менаџирањето со јавните финансии.

– Под овој скрининг процес се вклучени сите други сфери затоа што зборуваме за 33 поглавја за коишто треба да се преговара. значи, практично зборуваме виртуелно за сите поглавја коишто се поврзани со зачленувањето на вашата земја, додаде евроамбасадорот.

Скринингот ќе се состои од две подфази, односно процеси. Едниот е објаснувачки скрининг на кој Европската Комисија ќе направи ажурирање на релевантното право на ЕУ со оглед на тоа што се поминати неколку години од одржувањето на првичните објаснувачки состаноци, а истовремено на овој ќе тече и процесот на билатерален скрининг. Преку билатералниот процес земјата ќе треба да го презентира степенот на усогласеност со правото на ЕУ и плановите за понатамошно усогласување, градење на институционалните и административните капацитети, како и потребните човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди. Процесите ќе се спроведуваат согласно новата Методологија на ниво на кластери, во период кој би траел најмалку една година.

Слични содржини