Гир: С.Македонија е понапред од Украина, сакаме да го внесеме Западниот Балкан во ЕУ

од Nikola Popovski
161 прегледи

Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир оценува дека е важна работа е да се случат реформите во земјава. Не сака да види дека нема напредок во извештаите, туку добар напредок.

-Овој извештај проценува што направила земјата во поглед на реформите. Има историја на реформи кои ќе се унапредат. Вие сте многу понапред од Украина – тие штотуку почнуваат. Ова се објективни извештаи. Истовремено ЕК рече ова е историска одлука за Украина и Молдавија, но знаеме дека мора да го внесеме и Западниот Балкан во ЕУ. Затоа го ставивме на маса овој План за раст, кој што е голем чекор дека ќе ги уживате поволностите во членството, пред да станете членки. Останатото е ваша работа и ваша одлука и вие треба да ги направите. Ако ги донесете одлуките, ќе се приклучите на ЕУ, кажа Гир на денешната прес-конференција во Владата.

Слични содржини