Гир: Со внесување на Бугарите во Преамбулата нема промена во суштинската природа на Уставот

од Nikola Popovski
164 прегледи

Се надевам и очекувам дека ова ќе биде можност за двете земји да ја одбележат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, можност за дијалог и зголемено меѓусебно разбирање и почит. Ова беа тешки неколку недели, но дури и во тој период, значајно е дека имаше постојани контакти меѓу Северна Македонија и Бугарија затоа што добрососедските односи се во интерес на сите.

Гир го поздрави телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и Бугарија, како и посетата на бугарскиот министер за внатрешни работи кај неговиот македонски колега Оливер Спасовски.

-Тоа е духот кој треба да се запази во ова одбележување, рече Гир.

Тој коментираше и дали е можно уставни измени и внесување на Бугарите во преамбулата.

-Мислам дека е важно да подвлечеме и да се запрашаме што се всушност овие уставни измени во пракса. Тоа значи да се вклучи во Уставот референца на поединци, граѓани на државата кои се чувствуваат како Бугари. Нема промена на суштинската природа на Уставот. Не се допира во идентитетот на земјата или нејзините суштински интереси. Земјата веќе има добри резултати на меѓуетнички односи, рече Гир во интервју за Телма.

Слични содржини