Гир за бугарските клубови: Не сакам да навлегувам во толкување на историјата

од Nikola Popovski
191 прегледи

Евроамбасадорот Дејвид Гир не сака да навлегува во толкување на историјата, во однос на отворањето на бугарските клубови со контроверзни имиња. Тој вели дека Македонија има добро досие што се однесува на односите помеѓу самите заедници во земјата.

-Многу е важно правата на различните заедници да се почитуваат. Исто така е многу важно дека ќе се направат напори од сите страни за да се промовира заемно разбирање и да се избегнуваат тензии. Што се однесува на овој посебен инцидент што се случи пред неколку дена, Министерството за надворешни работи излезе многу јасно и кажа дека линијата беше пречекорена во врска со ова прашање. Толку имам да кажам, рече Гир на заедничката прес-конференција со вицепремиерот Бојан Маричиќ, како одговор на прашањето како ги коментира имињата „Цар Борис Трети“ и „Ванчо Михајлов“ на бугарските здруженија и клубови во земјава.

Слични содржини