Гир: Заканите против Метаморфозис треба веднаш да се истражат

од Vladimir Zorba
485 прегледи

ЕУ амбасадорот во земјава, Дејвид Гир преку својот Твитер профил соопшти дека треба да има истрага против „валканата“ кампања против тимот на Метаморфозис.

„Само што разговарав со тимот на Метаморфозис по валканата кампањата против нив. Не треба да има место за поттикнување омраза или ширење лажни обвинувања во медиумите. Заканите против Метаморфозис треба веднаш да се истражат“, пишува Гир.

Реакцијата доаѓа откако пред неколку дена на веб-сајтот „Лидер“ беше објавен текст со наслов „(ФОТО) Ова се луѓето кои бришат содржини од Facebook во Македонија!“ во кој се наведени повеќе невистинити и клеветнички тврдења.
Меѓу другото во текстот е објавен колаж од фотографии од дел од вработените во Фондацијата „Метаморфозис“, а во насловот пишува дека тоа се луѓето што бришеле содржини од социјалната мрежа „Фејсбук“.

Подолу во текстот се наведени имињата и презимињата на скоро сите вработени.

Текстот беше споделен и од страна на официјални Фејсбук страници на две политички партии. Коментарите на овие споделувања изобилуваат со говор на омраза и повици за јавен линч на вработените.

Покрај стотиците коментари со говор на омраза, некои корисници на социјалните мрежи повикаа вработените во Метаморфозис „да висат на бандера“, да им се однесат погребни венци, да заболат од ковид-19, да бидат живи одрани, да бидат јавно плукани и слично.

Слични содржини