234
Акустичната гитара на којашто Курт Кобејн со неговата група „Нирвана“ свиреше на својот концерт од серијата „Ем-ти-ви анплагд”, е продадена на аукција за рекордни шест милиони долари.
Гитарата „Мартин Д-18-Е“ од 1959 година е продадена во рамки на дводневната аукција под наслов „Музички икони”. Кобејн ја искористи во ноември 1993 година, пет месеци пред неговата смрт.
За гитарата, интересот беше огромен, а во наддавањето највисока понуда беше онаа на австралискиот бизнисмен Питер Фридмен – сопственик на компанијата Род Мајкрофонс.