Шведскиот напаѓач Виктор Ѓекереш (27) го информирал претседателот на Спортинг за својата одлука да замине и дека повеќе нема намера да игра за клубот, објавуваат португалските медиуми.
Имено, Ѓекереш сака ново поглавје во својата кариера и не се очекува да се врати на тренинзите.
Се додава дека Арсенал сè уште преговара со Ѓекереш и дека „топџиите“ се најблиску до доведување на одличниот напаѓач.
Да ве потсетиме дека договорот на Швеѓанецот со Спортинг истекува во 2028 година, но тој има откупна клаузула од 100 милиони евра.
Тој пристигна во португалскиот клуб во 2023 година од Ковентри во трансфер вреден 24 милиони евра.
Минатата сезона, тој собра 52 настапи, 54 гола и 13 асистенции во сите натпреварувања.
Напаѓачот, чија пазарна вредност се проценува на 75 милиони евра, дебитираше за Шведска во 2019 година и оттогаш има 26 настапи и 15 голови.