Ѓекереш го „продаде“ Аморим: Никој не сака да оди во Манчестер Јунајтед!

од Vladimir Zorba
2,5K прегледи

Големи промени се случија претходните денови во Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ја напушти клупата, а на негово место по репрезентативната пауза ќе дојде Рубен Аморим. Сепак, Португалецот ќе остане без првата желба.

Беше јасно дека нешто мора да се смени во Манчестер Јунајтед, а по серијата неуспеси беше сменет Ерик тен Хаг. На неговото место привремено дојде Руд ван Нистерлој, а Рубен Аморим го чека крајот на следната репрезентативна пауза за да ја преземе клупата на „црвените ѓаволи“.

Португалецот пристигнува од Спортинг, со тимот од Лисабон таму освои две шампионски титули, па навивачите на Манчестер имаат големи очекувања од Аморим. Сепак, Рубен ќе го започне својот мандат во Јунајтед без првата желба.

Како што пишува португалски „Рекорд“, Аморим и Манчестер сакале да го видат Виктор Ѓекереш на „Олд Трафорд“, но од тоа нема ништо. Швеѓанецот штотуку стана голем играч под водство на новиот тренер на Јунајтед, цела Европа го брка, а како што кажа и самиот – не верува во новиот проект на англискиот гигант, не му се допаѓа приказната, па на лето ќе бара нов клуб.

Така Аморим остана без можност повторно да соработува со Виктор, кого го донесе од Ковентри и за кратко време го претвори во сериозна машина.

Инаку, оваа сезона Ѓекереш веќе има 20 гола на своето конто.

Слични содржини