Ѓекереш „ладно“ одби премиерлигаш

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Репрезентативниот напаѓач на Шведска, Виктор Ѓекереш привлекува интерес од неколку клубови од Премиер лигата, но се чини дека тој сè уште не сака да си оди од Спортинг Лисабон.

Карактеризиран со доминантна физичка игра, но сепак доволно елегантен за да создаде позиција за да постигне гол. Во моментов за него конкурираат сите европски гиганти, а најспомнати се Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Аморим всушност го „создаде“, а тој не го заборава тоа, па ќе се обиде да се искупи со евентуално доаѓање на „Олд Трафорд“.

Сепак, за него се заинтересирани и други клубови од Премиер лигата. На социјалните мрежи навивачите на Челси го поканија Ѓекереш да дојде на Стемфорд Бриџ, а набрзо добија неочекуван одговор од Швеѓанецот.

„Не“, напиша напаѓачот на Спортинг како одговор на една социјална мрежа.

Се уште е неизвесно каде Ѓекереш ќе ја продолжи кариерата, но како што сега стојат работите тој е најблиску до Јунајтед.

Слични содржини