Ѓилас: Дијалогот меѓу сите претставници на опозицијата би ги намалил тензиите што се појавуваат

Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, денес изјави дека дијалогот меѓу претставниците на опозицијата, студентското движење и јавните личности би ги намалил тензиите кои, како што наведе, повремено се појавуваат меѓу противниците на режимот

од Кристијан Димков
8 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/РТС 2

„Разговорите меѓу претставниците на опозицијата, претставниците на студентското движење и јавните личности кои се ангажирани во борбата против режимот би биле многу корисни за остварување на заедничката цел – промена на власта“, изјави Драган Ѓилас за весникот „Данас“.

Тој додаде дека промените во Србија подразбираат и опозициската страна да разговара за прашања околу кои немаат сите исто мислење и оцени дека постојат многу теми за кои координацијата би била „повеќе од корисна“.

„Верувам дека огромното мнозинство граѓани кои се за промена на власта би ги поддржале ваквите разговори“, изјави Ѓилас.

Неколку дена претходно, гостувајќи на зрењанинската телевизија КТВ, Ѓилас оцени дека сите актери од антирежимскиот дел на политичкиот спектар треба да седнат и да разговараат за идните чекори кои би воделе кон развластување на „криминалниот режим на Српската напредна партија и Александар Вучиќ“.