За првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ било размислувано да стане дел од стручниот штаб на фудбалскиот клуб Милан, колку и да звучи неверојатно.
Поточно, сопственикот на клубот, Гери Кардинале имал намера да го повика како „психолог“ за фудбалерите во времето кога „росоњерите“ биле во лоша форма, пред само три месеци, пренесува италијанска „Ла република“.
Сега тој период се чини далеку зад нас, бидејќи Милан е во серија на победи. Есента сликата изгледаше поинаку за славниот клуб, па италијанскиот весник пишува дека Кардинале сакал Ѓоковиќ да разговара со играчите и да им даде мотивациски совети.
Познато е дека Ѓоковиќ е познат како еден од ментално најсилните спортисти, како и по тоа што навива токму за Милан.
Сепак, српскиот тенисер не бил во преговори со Кардинале, па се останало само на барање на првиот човек на Милан, чии играчи се сретнале со Новак лани есента во Торино.
Прашање е како Ѓоковиќ би ги вклопил своите обврски во доцната фаза од кариерата со обврските во Милано и колку тоа би му се исплатело со оглед на тоа што се уште е конкурентен за титули на сите најголеми турнири.