363
„Ви благодарам за вашите пораки. Ова беше несреќен случај и јас сум добро, одмарам во хотел со ледена обвивка. Се гледаме во недела“, напиша Новак Ѓоковиќ на социјалната мрежа Х по инцидентот во Рим кога беше удрен со шише во главата додека даваше автограми за фановите.
По победата над Корентан Муте (2:0), Ѓоковиќ го удри шише кое случајно испадна од ранецот на навивач кој чекаше автограм на излезот од теренот.
Српскиот тенисер се здоби со расекотина, па поради мачнини и вртоглавици ја откажа прес-конференцијата.
Ѓоковиќ во недела во третото коло ќе игра против Чилеанецот Алехандро Табило.