Шпанскиот политичар и научник Пабло Еченике упати тешки навреди кон српскиот број еден тенисер Новак Ѓоковиќ. Тој жестоко го осуди тенисерот на Твитер и на тој начин предизвика голем гнев кај речиси сите фанови низ светот кои навиваат за Србинот.
– Алкараз е апсолутно импресивен и најдобар од сите – тој победи ултрадесничар, путинист, пријател на геноцидот, антиваксер и теоретичар на заговор. Тоа ја прави оваа победа уште поголема, напиша Еченике на Твитер.
Lo de Alcaraz es absolutamente impresionante.
Y que encima le haya ganado a un ultraderechista, putinista, amigo de genocidas serbios y terraplanista antivacunas hace que la maravilla sea todavía más maravillosa.
👏👏👏🇪🇸
— Pablo Echenique (@PabloEchenique) July 16, 2023
По ова, Френк Куеста, познато ТВ лице и тамошен тениски тренер, веднаш реагираше:
Овој идиот не прави ништо друго освен да го критикува шпанското општество во секое појавување. Ги уништија сите односи меѓу нас и сето она што го изградија нашите дедовци во минатото. Сега ова страшило ги внесе своите валкани зборови во спортот, особено во тенисот. Вака не знаат каде на друго место да ги истурат ср*ња, па мораат овде, порачал Куеста.
Твитер ја означи објавата на Еченике како невистинита и даде објаснување под неговиот твит:
Новак Ѓоковиќ никогаш не се позиционирал во корист на ниту една политичка партија, ниту на Путин (индиректно тоа е неговиот татко), ниту на некаков геноцид. Ѓоковиќ се спротивстави на вакцината против Ковид-19, но не и на другите вакцини во вообичаениот распоред за вакцинација.
Еченике е политичар кој е роден во Аргентина, а се преселил во Шпанија на возраст од 12-13 години. Боледува од спинална мускулна атрофија, а во 2019 година е избран за член на Конгресот. Како научник, Еченике работи во Шпанскиот национален истражувачки совет во Сарагоса.