Ѓоковиќ ги коментираше свирежите на Австралијците: Ова сигурно нѐ очекуваа да го слушнат

од Nikola Popovski
121 прегледи

Новак Ѓоковиќ беше принуден да се повлече од мечот против Александар Зверев во полуфиналето на Австралија опен поради кинење на мускулот.

Сепак, имаше скандалозно однесување од присутната публика, која го исвирка додека го напушташе теренот, а тој се обиде да биде поголем човек. Само им покажа палец нагоре и продолжи кон тунелот.

На прес-конференцијата по мечот се осврна на серијата свирежи што ги слушна од трибините на Род Лејвер Арената.

„Не ги видов нивните коментари (Бекер и Мекинро). Она што можам да го кажам е дека секогаш е полесно да се суди, да се критикува, отколку да се разбере. Тоа е мојата животна лекција. Што се однесува до испраќањето од теренот, не знам што да ви кажам. Луѓето кои платија карти очекуваа борба, се обидувам да ја разберам таа страна на работите. Знам што има во моето тело и што чувствувам, но и колку сум дал за овој турнир за 20 и повеќе години“, кажал српскиот тенисер.

Слични содржини