Новак Ѓоковиќ пред почетокот на Мастерсот во Мадрид изјави дека се надева на полуфинале, каде според предвидената ждрепка би го чекал неговиот сегашен најголем ривал Карлос Алкараз.
Новак му ја додели наградата „Лауреус“ на шведскиот атлетичар Мондо Дуплантис на церемонијата што се одржа во понеделникот вечерта во Мадрид. Тенисерот како минатогодишен добитник на ласкавата награда му ја предаде „круната“ на својот наследник, додека неговиот најголем ривал низ неговата славна кариера Рафаел Надал доби признание за спортска икона.
„Секогаш се сеќавам на одличните игри од „Волшебната кутија“ особено против мојот најголем ривал Рафаел Надал“, изјави Ѓоковиќ, а потоа се префрли на сонародникот на Рафа, Карлос.
„Она што исто така го паметам е дека во Мадрид последен пат загубив во полуфиналето токму од Алкараз. Се надевам дека и сега ќе стигнам до полуфиналето, бидејќи можам повторно да играм со него. Го барам моето максимално ниво“, изјавил Новак.
Ѓоковиќ немаше ништо друго освен пофалби за младиот и талентиран Шпанец.
„Фантастична личност со големи вредности, тој е одличен тандем со Ферер. Двајца многу добри луѓе. Тој е екстра шампион, а е многу млад. Пред него се уште многу успеси и титули. Ми се допаѓа што има насмевка на лицето“, додал српскиот тениски ас.