Ѓоковиќ им оддаде почит на жртвите од масакрот во Белград (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ им оддаде почит на жртвите од масакрот во основното училиште на Врачар.

Ѓоковиќ објави три фотографии на Инстаграм на кои искажа дека е потресен.

Меѓу фотографиите кои ги објави Ѓоковиќ е и една со збогување од убиените.

Да потсетиме, 13-годишен ученик во средата уби осум ученици и член на обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Слични содржини