Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изненади многумина откако не успеа да победи на стартот од турнирот во Монте Карло.
Тој беше поразен по два сета од Алехандро Табило со резултат 6:3, 6:4 и со тоа само потврди дека Монте Карло традиционално стана лош мастерс за него.
Ниту самиот Ѓоковиќ не беше задоволен од настапот, па по мечот им се извини на оние кои мораа да го гледаат мечот. Сепак, еден од неговите одговори беше особено интересен.
На новинарско прашање кои се неговите цели до крајот на сезоната, Новак одговори многу кратко и јасно:
„Ролан Гарос“.
Новинарот бил зачуден, но Ѓоковиќ на друго прашање дали е само Ролан Гарос, јасно рекол:
„Да, тоа е тоа“.
Дали тоа значи дека Новак сè ќе подреди на освојувањето на 25-та титула во Париз, останува да видиме.