Ѓоковиќ израмни два големи рекорди

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Вимблдон со неверојатна победа над Ден Еванс.

Српскиот тенисер одигра еден од своите најдобри натпревари во последните години, декласирајќи го Британецот со 6-3, 6-2, 6-0.

Ѓоковиќ загуби само девет поени на сервис, а Еванс ги имаше единствените две брејк топки кога Ѓоковиќ водеше со 5-0 во третиот сет. Сепак, Новак го спаси тоа и се пласираше во третото коло, каде што ќе игра против сонародникот Момир Кецмановиќ.

Ѓоковиќ израмни два големи рекорди во својот натпревар со Еванс. Тој се изедначи со Роџер Федерер по бројот на победи во второто коло на Гренд слем турнирите. Двајцата сега имаат по 74, 15 повеќе од Рафаел Надал.

Дополнително, Ѓоковиќ се изедначи со Андре Агаси по бројот на освоени сетови на Гренд слем турнирите со резултат од 6:0. Тој и Агаси имаат околу 50 вакви сетови, а Федерер има четири помалку.