Ѓоковиќ ќе добие статуа на Австралија Опен?

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

Првиот човек на Австралија опен, Крег Тајли, истакна дека сака во Мелбурн да биде поставена статуа на Новак Ѓоковиќ и покрај тоа што српскиот тенисер најголемата неправда во кариерата ја доживеа во Мелбурн.

Ѓоковиќ, како што е познато, имаше тешка ситуација во Австралија откако беше депортиран во 2022 година и му беше забрането да се натпреварува, додека публиката неодамна го исвирка кога го предаде полуфиналниот меч против Александар Зверев.

Независно од тоа, Тајли смета дека Ѓоковиќ треба да биде меѓу големите имиња на спортот на Мелбурн Парк и сака да го прикаже преку статуа, покрај другите тениски легенди.

– Би сакал да имам цел комплекс од статуи на големи тенисери. Секоја година поставуваме нова статуа на Австралијанец, а овој комплекс е посветен на тенисот. Изграден е со идејата за тенис и имаме многу луѓе кои доаѓаат тука од целиот свет. Доаѓаат и кога не е Австралија опен, затоа што сакаат да го видат местото каде се одржува натпреварувањето.

Тајли додаде дека рекордот на Ѓоковиќ на Мелбурн Парк, каде што освои 10 трофеи, говори сам по себе.

– Овде победуваше десет пати и мислам дека може повторно да победи. Секогаш кога можеме да го препознаеме тенисот или шампионите на играта, јас тоа ќе го поддржам. Без разлика дали се работи за Новак, Роџер Федерер, Серена Вилијамс – листата е долга.

А кога станува збор за свирежите за Ѓоковиќ, Тајли рекол:

– Се фокусирав на аплаузот што го слушнавме кога влезе на теренот… Мислам дека свирежите не беа против Новак. Мислам дека беше повеќе од разочарување што немаше да можат да погледнат уште еден неверојатен сет на тенис.

Слични содржини