Ѓоковиќ мора на операција: Настап на „Вимблдон“ во доменот на теоријата, а ни Олимписките игри не се сигурни

од Vladimir Zorba
3,3K прегледи

Новак Ѓоковиќ нема да може да го одбрани трофејот на Ролан Гарос, по повредата на коленото што ја заработи на четвртфиналниот меч со Франциско Серундола, а според најавите на француските медиуми, српскиот тенисер денеска ќе биде опериран за да биде подготвен за Олимписките игри ова лето.

Доколку, се разбира, рехабилитацијата помине добро…

Српскиот тенисер заработи повреда на менискусот на десното колено, а последователните прегледи покажаа дека сепак ќе му биде потребна хируршка интервенција. Според „Лекип“, Новак денеска ќе биде опериран во Париз, по што следува одмор од најмалку три недели.

Тоа значи дека има многу мали шанси тој да игра на „Вимблдон“ кој е закажан од 1 до 14 јули, додека малку поголеми се шансите да биде подготвен за Олимпијадата на 26 јули.

Шансата да се биде на претстојните игри во Париз е наводно и причината поради која Новак решил веднаш да реагира и да ја задржи таквата шанса да го освои олимпиското злато, инаку единствениот трофеј што му недостасува во кариерата.

Слични содржини