Ѓоковиќ може да продолжи и без тренер

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се уште не знае кој ќе му биде тренер. Пред два дена објави дека ја прекинува соработката со Горан Иванишевиќ. Србинот истакна дека Хрватот е негова драга личност и нивното пријателство нема да заврши.

„Се уште не знам точно кој ќе биде новиот тренер и дали воопшто ќе има таков. Имам тренери уште од детството, сега се обидувам да се потпрам на моите чувства и самостојно да одлучувам што ми треба, што е позгодно за мене. Ако некој се приклучи на тимот, тоа ќе биде објавено“, изјави Ѓоковиќ, цитиран од Tennis Majors.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ почнаа да соработуваат од 2018 година. Покрај Ѓоковиќ, Иванишевиќ беше тренер на Хрватот Марин Чилиќ, Чехот Томаш Бердих и Канаѓанецот Милан Раониќ.

Од 2018 година, Ѓоковиќ четири пати ги освои Австралија Опен и Вимблдон, а Ролан Гарос и УС Опен по два пати.

Слични содржини