Србија, земја која се гордее со најголемиот тенисер на сите времиња, е на прагот на нов почеток. Новак Ѓоковиќ, кој ја обележа тениската сцена веќе две децении, го постигна својот прв голем успех во 2008 година кога сензационално го освои Австралија Опен. Од тогаш, неговата кариера беше низ освојување титули и рекорди, но сега изгледа дека доаѓа време за нова фаза.
Ѓоковиќ, кој е познат по својата хуманитарна работа, не само во Србија, туку и во регионот, изминатите години ја оствари својата улога како глобален амбасадор на доброто. Но, како што самото време носи промени, така и Новак најавува можност за крај на својата тениска кариера.
На почетокот на 2025 година, Ѓоковиќ играше далеку под своите стандардите, не успевајќи да стигне до посакуваната 100-та титула во кариерата. Во неколку турнири по ред, тој беше елиминиран уште во првото коло, а по неговото рано заминување од Мастерсот во Мадрид, самиот спомена можноста за пензионирање.
„Не сум сигурен дека ќе се вратам во Мадрид. Значи, не знам. Не знам што да кажам. Мислам, ќе се вратам, но можеби не како играч. Се надевам дека не, но ова би можел да биде мојот последен натпревар во Мадрид“, изјави Ѓоковиќ по поразот.
Според специјализиран портал Tennis365, се повеќе се појавуваат шпекулации дека Ѓоковиќ може да ја заврши својата кариера по Ролан Гарос и Вимблдон. „Немојте да се изненадите ако Отвореното првенство на Франција и Вимблдон се неговите последни два обиди да освои финална Гренд слем титула и неговата 100-та титула во кариерата, бидејќи она што го видовме од Ѓоковиќ оваа година не може да продолжи предолго“, пишува Кевин Палмер.
Ѓоковиќ оваа сезона успеа да стигне до полуфиналето на единствениот Гренд слем досега, додека минатата година играше во финалето на Вимблдон. По елиминацијата во Мадрид, Новак изјави дека негов приоритет се Гренд слем турнирите, но се поставува прашањето дали ќе може да игра пет до шест врвни натпревари за само две недели.
Со оглед на моменталната форма и ситуацијата на теренот, изгледа дека најголемото име во тенисот е на работ на крајот на една епоха.