232
Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ годинава би можел да го пропушти Грен слемот во Лондон, како што пренесува италијанска „Газета“. Најдобриот светски тенисер наводно ја донел оваа одлука за да се подготви што подобро за Олимписките игри во Париз.
Ѓоковиќ, според истиот извор, токму поради оваа причина ја прекинал соработката со Горан Иванишевиќ.
-Целиот негов фокус ќе биде освојувањето на олимпиското злато кое е единственото нешто што му недостига во богатата кариера,што не му се допаднало на поранешниот хрватски тенисер, пишува италијанскиот весник.
Ѓоковиќ сигурно ќе настапи на Ролан Гарос, што ќе му послужи како подготовка за олимпискиот турнир.